Спорови меѓу државите за државни имиња не постојат. Не може непризнавањето од една држава да се толкува како спор или разлика, што е поблага форма во дипломатскиот жаргон.
Ова во разговор за „Пресинг Тв“ го тврди Игор Јанев, кој е експерт за меѓународно право и еден од најдобите познавачи на состојбите на Обединетите нации каде што спорот меѓу Македонија и Грција треба да биде верифициран.
Според него, држава се признава или не се признава, не постои спор за тоа, бидејќи државите немаат ексклузивни права на државни имиња.
Во случај со Македонскиот прием во ОН направена е замена на тези и едно непризнавање е преформулирано како разлика или спор. Инаку, ваков спор на Меѓународен суд не би бил прифатен, туку отфрлен, па Советот за Безбедност беше згодна инстанца да не-признавањето формулира да се подигне на ниво на спор – објаснува Јанев.
Тој тврди дека органите на Обединетите нации при приемот на Македонија ги пречекориле своите овластувања.
Заклучок е дека таквите преговори за името се беспредметни. Спор е замена на теза.Суверенитетот на Република Македонија се однесува не само на правно дефинирана територија (територијална јурисдикција) туку и на народот односно граѓаните кои живеат на таа територија и се под јурисдикција на државата Република Македонија. Историски присвојувања не можат да бидат предмет на спорот.
Comments are closed for this post.