Претседавачот на Собранието на 27 април 2017 година вели дека не постоела деловничка можност да се изврши измена или спојување на точките од дневниот ред на Седницата на барање на пратеникот Оливер Спасовски кого го поддржувале повеќе од 10 пратеници“.
Тој денеска објасни дека со факти и материјални и вербални докази докажал дека овој предлог е спротивен на Деловникот и е апсурден.
Како би било доколку на пример почитуван Судски совет на среде изведување на доказите некој да побара од Судечкиов совет да се прејде на завршни зборови, па после да се навратиме на изведување на докази, дали би го прифатиле тој предлог, и докажав дека таков предлог никогаш не бил употребен на тој начин како што се предлагаше.
Дека примената на чл.78 ст.2 како што предлагаше Оливер Спасовски е спротивно на Деловникот и никогаш не се применил кога има пријавено дискутанти по точката го потврдија голем број сведоци така како што предлагаше Оливер Спасовски односно кога има пријавено дискутанти по една точка да се прекине со неа и да се прејде на друга точка од истата седница
Comments are closed for this post.