Откако српските власти објави дека водачот на Кавачкиот клан Радоје Звицер подготвувал атентат врз претседателот Александар Вучиќ, македонското МВР побрза да објави дека пасошите на овие криминалци се поништени. МВР не демантира дека им издале пасоши туку дека патните исправи веќе се поништени и тие не можат веќе да ги користат за патување.

„Пресинг ТВ“ направи пресек кој се од светските и балканските криминалци станаа „Македонци“

Најголемо внимание предизвика Седат Пекер од Турција. Тој самиот објави дека се се сретнал со Заев во неговиот дом и оти македонската лична карта ја добил откако се сликал во полициската станица во Драчево. Тој го доби името Џадин Адемовски.

Пекер во Македонија воопшто не се криеше и се шеташе на Матка, низ Кејот а се фотографираше со членови и активисти на СДСМ а за него беа и обезбедени и автомобили со флешери за побрзо да се пробива низ гужвата.

Во Црна Гора владеат два клана Кавачки и Шкаљарски.Заев и МВР не ги делеле и на двајцата нивни водачи им доделиле македонски пасош.

Јовица Вукотиќ од Шкаљарците самиот во судот во Белград призна дека има македонски пасош на име Георги Андонов и за него платил помеѓу 15 и 25.000 евра. Со него беше и уапсен во Анкара Турција.

При апсењето тој тврдеше дека пасошот е најрегуларен и тоа е точно.Тоа се нормални пасоши на луѓе кои навистина постојат но никогаш не аплицирале за пасош и на кои само е вметната фотографија од криминалците.

 

Како егзекутор на Кавачкиот клан е познат Стефан Ѓукиќ кој исто така доби македонски пасош и стана Каче Герги.

Македонски патни исправи добиле и Игор Дедовиќ и Стеван Стаматовиќ од Шкаљарскиот клан кои во 2020 година беа изрешетани во ресторан во Атина.Тие во 2018 година станаа Горан Тасевски и Емил Филипов но нашите патни исправи не ги спасија од одмаздата на Кавачкиот клан.

Македонец по заслуга на Заев и Спасовски стана и водачот на италијанската мафија НдрангетаВалид Иса Хмаис кој важи за главниот перач на пари од трговијата со кокаин на италијанската нарко мафија на 09.01.2019 година во Скопје во регуларна постапка се сликал во управните служби на МВР, а потоа и го подигнал македонскиот пасош со украден идентитет на Македонец од Корча, Вурмо Таќо роден 1965-тата година.

И како за финале пред неколку месеци беше откриено и дека Луис Волина, косовски нарко бос беше фатен во Шпанија со македонски пасош и осуден на пет години затвор.