Воведување вонредна состојба не значи дека по автоматизам ќе се воведат рестрикции на слободите и движењето на граѓаните, а доколку дојде до нови рестрикции и мерки, тие одлуки ќе се носат на дневно ниво, како и до сега, за што граѓаните редовно ќе ги информираме, изјави премиерот Оливер Спасовски на денешната прес-конференција на која соопшти дека Владата побарала воведување вонредна состојба на целата територија на земјата.
– Вонредната состојба и дава можности на Владата и се создаваат услови за брзо и ефикасно спроведување на мерките за превенција и заштита на здравствената состојба на граѓаните. За заштита и одбрана на нашето општество, на нашата економија, порача Спасовски.
Тој нагласи дека само со вонредна состојба Владата ќе може да дејствува непречено во борбата со корона вирусот.
– Само со вонредна состојба Владата ќе може да спроведува мерки за спас на економијата и за помош на погодените граѓани и компании, додаде Спасовски.
Comments are closed for this post.