Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски не си поднесе оставка од позицијата Министер за внатрешни работи.

Вели дека се сомнева дека постојат кртови во сите институции кои биле остатоци од владеењето на стариот режим.

Спасовски истакна дека не чувствува лична одговорност бидејќи за да се чувствува одговорност треба да се направи некако пропуст а тој вели дека пропуст не е направен.

Министерот за внатрешни работи напомена дека со оставката нема да се решат проблемите.

Сега на нас е да го најдеме. Поднесување на оставка нема да ги реши проблемите. Само ќе кажеме дека ќе дојде до триумф на криминалците. Напротив треба да има детална истрага, доколку има било кој придонел за било кој има одговорност, не да носи морална, туку кривична одговорност. Без разлика кој е, дали е некој во обвинителството, рече Спасовски.