Скандалот со снимањето на обвинителите покажува уште еднаш како функционирал режимот на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ. Има сериозна истрага во сите институции, ќе се провери која била намерата, дали и кој ги слушал разговорите во правосудството. Ќе се открие кој ја нарачал, кој ја купил и кој ја користел опремата и секој кој ги пречекорил овластувањата ќе одговара пред правдата, истакна доцна попладнево на прес-конференција министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
Тој истакна дека за овој скандал ќе има одговорност. Вели дека индициите се дека прислушувањето во обвинителството почнало во 2013 година. Спасовски истакна дека информацијата за можната злоупотреба на телефонските централи за фиксна телефонија во обвинителството и во судот, веднаш ја споделил со Јовевски и Џолев.
Таа опрема е инсталирана во 2013 и цела истрага која се води врз основа на анализи и вештачења точно ќе покаже каде, како , врз основа на што и кој бил крајниот корисник на тоа што се случувало во ЈО, рече Спасовки.
Тој порача дека раководството на ВМРО-ДПМНЕ треба да одговори за нивните дејствија во времето кога оваа опрема била инсталирана.
Мицкоски треба да одговори за неговата улога во власта додека бил генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ. Силно сме посветени на деинсталирањето на груевизмот. Ние досега имавме година и пол за справување со оваа децениска катастрофа, потенцираше Спасовски.
Comments are closed for this post.