Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во емисијата “Само Вистина” ги демантираше шпекулациите дека заминувањето на екс премиерот Груевски во Унгарија е дел од политички договор.

Тој го повика обвинителот да покрене истрага околу тоа кој му го овозможил трансферот на поранешниот премиер.

Запрашан за евентуална оставка,  Спасовски истакна дека не чувствува никаква одговорност. Министерот за внатрешни работи кажа дека обезбедувањето од МВР го оставило Груевски дома во четвртокот вечерта во 23:25.

Го прашале како е планот за утре а тој им одговорил вообичаено во 9 часот претпладне. Тие утредента, во петокот, дошле пред неговата зграда каде што живее и останале тука до крајот на денот, но тој не се појавил, ниту ги повикал, рече Спасовски.