Акцијата која ја најавија на фанфари, заврши како издишан балон. Нарко-босовите се на слобода, има челници во бегство, а постапка има за пар улични дилери, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Спасовски да каже кој ја пробил акцијата. Информации за акцијата немаат сите полицајци. Детали имаат лично тој и директорот на БЈБ, и уште неколку началници. Тоа значи дека кртот е во врвот на МВР или над него. Дали дружењето на Спасовски со тие криминални структури и луѓе блиски до нив, за што видовме докази во вид на фотографии објавени на социјалните мрежи се причина зошто нарко-босовите се на слобода?, прашуваат од партијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека одговорност мора да има. Спасовски може да крие сега, но ќе дојде ден наскоро кога се ќе се извади јавно, а тогаш нема бегање, ниту криење. Тогаш ќе има одговорност. Часот чука!
Comments are closed for this post.