Поранешниот амбасадор од редовите на СДСМ, Ѓорги Спасов има речиси идентичен став како Левица во однос на иницијативата на власта во личните карти да биде означена националноста.

Спасов напоменува дека според договорот од Преспа се работи за државјанство, а не за етничка припадност или националност.

Бетон идентитетот, сепак, не е толку бетониран.

За жал Левица за првпат е во прво, нема потреба да се дозволува во личната карта да се етничка припадност или потекло на оние што сакаат, смета политичкиот аналитичар Ѓорѓи Спасов, кој е поранешен генерален секретар на СДСМ, министер за правда и амбасадор.

Тоа не само што е непотребен чин на етничка самоидентификација туку е и чин на етничко самообележување, како со жолта лента на ракавите. За што всушност ја користиме личната карта? За во банка, пред полиција и на гласање. На никого од тие пред кои сме должни да им ја покажеме не им е, и не треба да им биде важна етничката припадност на граѓанинот. Во земја со многу етнички мешани бракови тоа ќе биде еден вид изнудување. А кога се знае опасноста од се уште неисчезнатите предрасуди и примери на дискриминација во општеството, тоа ќе биде можност и инструмент на националистите и на власта за јавна проверка на тоа дали некој се декларирал како Ром како Евреин како Бугарин или воопшто не избрал етничка припадност во својата лична карта – вели Спасов.

Тој на фејсбук напиша дека овој предлог-закон не треба да биде прифатен, бидејќи, според него, не води кон зголемување на нечии права ниту кон зголемување на еднаквоста и рамноправноста.

Напротив. Мислам да ова многу перфиден обид да се минира решението договорено со преспанскиот договор со Грција според кое во пасошите пишува националност:Македонска (Macedonian)/Граѓанин на Република Македонија. Ако помине оваа идеја во законот за лични карти треба да бидеме сигурни дека многу бргу ќе биде побарано етничката припадност да стои и во пасошите кај сите оние што не се баш среќни што и државјанството им е запишано како Македонско односно што во графата Nationality пишува Macedonian, иако е јасно дека тоа се однесува на државјанство и се преведува како македонско – посочува Спасов.