Околу 150 пациенти со хепатитис Ц ќе примаат нов тип терапија со што ќе се овозможи нивно целосно излекување.
Досегашната терапија не овозможуваше целосно излекување. Болеста која го напаѓа црниот дроб многу често прогресираше до тој степен што на пациентите им е потребна трансплантација или пак постои ризик од развој на различни степени на цироза, рече министерот за здравство Венко Филипче.
Министерот Филипче посочи дека таа терапија во развиените земји постои години наназад и изрази надеж дека соработката со Фондацијата ќе продолжи и во други сфери, а во корист на пациентите.
Директорката на Клиниката за инфективни болести Милена Стевановиќ рече дека веќе во тек е регрутација на пациентите кои ги задоволуваат условите за отпочнување на третманот со новата терапија.
Станува збор за донација од американска фондација, беше истакнато на денешната прес-конференција на Клиниката за инфективни болести.
Comments are closed for this post.