„Пелистерка“ преку Македонската берза објави дека предлага Миле Зечевиќ, надворешен соработник за адвокатски услуги на премиерот Зоран Заев да стане член на Надзорниот одбор на Стопанска банка Битола, инаку oбвинeт во случајот „Империја“ на СЈО, објавува ИРЛ.мк.

Зечевиќ работи како адвокат и е долгогодишен член на раководството на СДСМ. Беше директор на УБК, шеф на изборниот штаб на партијата на последните локални избори во 2017 година. А, со доаѓањето на СДСМ на власт, премиерот Зоран Заев го именуваше за негов надворешен советник за адвокатски услуги.

Освен Зечевиќ, други предлози на „Пелистерка“ се Дејан Панделески, Иванчо Велјановски, Александра Радевска, Илија Тозија и Игор Камбовски.

Панделески е кумашин на поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, и син на Цветан Панделески, кој е директор на ЗИК „Пелагонија“ и во моментов е во домашен притвор за случајот „Империја“. Тозија, пак, е близок пријател со синот на Сашо Мијалков, Јордан Мијалков.

Сопственик на Стопанска банка Битола е Орце Камчев.

Многумина овие назначувања ги поврзуваат со исклучувањата во ВМРО-ДПМНЕ минатата година.

Во октомври минатата година, опозициската партија го исклучи од членство екс директорот на УБК Сашо Мијалков, на тогашниот потпретседател на партијата и градоначалник на Кавадарци Митко Јанчев му ја одзема функцијата, прогласувајќи ги за членови на „новата кpиминaлa коалиција“ во Македонија, како што тогаш кажа потпретседателот на партијата Александар Николоски, помеѓу Вице Заев, Зоран Заев и Сашо Мијалков.