Генералниот секретар во Кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов, Борис Јосифовски, на 27 април минатата година бил во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, рече Иванов одговарајќи на новинарски прашања по неговото денешно обраќање во јавноста. Кога почнале настаните во Собранието рече дека веднаш го повикал Јосифовски да го свика Кабинетот, а сега видел дека тој вечерта бил во седиштето на партијата.

За неговиот советник за национална безбедност, Синиша Алексовски, пак, рече дека тој ден тргнал на службен пат кон Вашингтон. „Му реков веднаш да се врати од Истанбул и по полноќ околу 1 часот пристигна, сите извештаи што ги има ги има пратено на обвинителството. Тој ги има сите извештаи доставено до Обвинителството. На секои 6 месеци е подлежен на полиграф. Јас би сакал сите советници да бидат подлежни на полиграф“, рече Иванов.

Тој рече дека во неговиот Кабинет на 27 април никогаш не се разговарало, ниту се размислувало за прогласување воена или вонредна состојба.