Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов го повикуваме да ја избриши и оваа нова негова ФБ објава каде се фали со градба на мостот кај стариот театар веднаш до Камениот Мост, потенцирајќи дека изградил нова ограда. Пари за градба на мостот и сите други неопходни работи беа оставени од страна на неговиот претходник, стои во соопштението на советничка група на ВМРО-ДПМНЕ.

-Шилегов шајка нема заковано за мостот кој се фали. Единствено што направи Шилегов за цели 3 години е да постави заштитна ограда. Ако на Шилегов му требаа 3 години за ограда на мостот кај стариот театар, колку децении ќе му треба за нов мост?, прашуваат тие.

– Кога сме кај градењето скопјани уште го чекаат фамозниот тунел под Кале кој Шилегов го ветуваше, или пак ако тоа е премногу, тогаш до каде е јажето и зиплајнот кој Шилегов исто го ветуваше на скопјани? Шилегов е најнеуспешниот градоначалник што Скопје некогаш го имало, посочуваат од советничката група.

Започнуваме со расчистување и подготовка за конечно отварање на кејот, после повеќегодишната непроодност заради изградба…

Posted by Петре Шилегов on Tuesday, January 12, 2021