Министерот за здравство, Венко Филипче соопшти дека во редовна координација со директорите на клиниките, констатирано е дека состојбата во болниците е сериозна.
Притоа тој порача до граѓаните да ги почитуваат препораките, со цел да помогнат на здравствениот систем да се справи со овој проблем.
Утрово имав редовна координација со директорите на Клиниките на која разговараме за состојбата на хопситализираните пациенти со ковид, болничките капацитети, терапиите…Здравствениот систем секојдневно се менаџира,се обезбедуваат нови болнички легла, медицинскиот кадар е целосно мобилизирани, но состојбата во болниците е многу сериозна. Затоа од огромна важност е граѓаните да ги почитуваат мерките за да ни помогнат здравствениот систем да остане одржлив, во битка со ковид пандемијата, истакна Филипче.
Comments are closed for this post.