Синот на мултимилионерот Џорџ Сорос, Александар на Твитер сподели фотографија од средба со премиерот Димитар Ковачевски на Безбедносната конференеција што се одржува во Германија, во Минхен.
Одлично е да се сретнеш со новиот премиер на Македонија, Димитар Ковачевски, и да слушнеш за неговите планови да ја зајакне и да ја направи оваа мултиетничка демократија попросперитетна!, објави Александар Сорос.
На конференцијата во Минхен учествува и македонска делегација од каде што се објавуваат активности за средби на маргините од конференцијата на претседателот Стево Пендаровски и Димитар Ковачевски.
Comments are closed for this post.