Морално се чувствуваме одговорно, тие патници биле членови на нашите семејства, со години патувале со нас. Жалиме длабоко, потресени сме, во шок сме“ вели Дурмиш Белули, сопственикот на компанијата „ДУРМО- турс“, во интервју за „Телевизија 24

Белули вели дека веднаш по несреќата, одговорно лице за возниот парк во компанијата стапило во контакт со возачот, кој како што вели бил свесен и одговорил дека ја изгубил контролата. На повторното прашање, дали ја изгубил контролата врз автобусот, тој одговорил дека самиот ја изгубил контролата.

Веројатно станува збор за неговата здравствена состојба. Автобусот се движел 200-300 метри и нема трага на кочење, нема реакција на возачот, вели Белули за ТВ24.