За сопругата на Ципрас, Бизиана Перистери, се направи посебна приватна програма а во тие рамки таа денес го посети гробот на славниот јунак во романот на Никос Казанѕазкис, – Гркот Зорба.
Гробот на Алексис Зорбас, односно Георгос Зорбас, како што е напишан на македонски јазик и со кирилско писмо, се наоѓа на скопските гробишта Бутел.
За гробот на Гркот Зорба Грците дознаа во 1997 година. Еден од великаните на грчката музика, композиторот Микис Тедоракис исто така се поклони на неговиот гроб.
Според семејните кажувања, Зорба починал во 1941 година, каде бил погребан на старите скопски гробишта кај Ракотинци, а потоа тие гробишта заедно со неговите останки беа пренесени во Бутел од неговата сестра Катина.
Comments are closed for this post.