Сите судења од Одделот прекршоци – сообраќај, што досега се одржуваа во „бараките“ во близина на Градскиот парк, од денеска, 1 април, ќе се одржуваат во старата зграда на Кривичниот судот на бул. „Гоце Делчев“ б.б. во комплексот Судска палата.
Основниот суд Скопје 1 соопшти дека каде е насрочен предметот, односно за бројот на судницата, странките ќе можат да добијат информации на шалтерот на прием во судот.
Comments are closed for this post.