Вчера во 18.30 часот во село Грчец, скопско, товарно возило „Мерцедес 508“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.А.(45) од село Шишево, скопско, удрило во седумгодишно дете-велосипедист од село Грчец.

Детето се здобило со тешки телесни повреди и било пренесено во комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде му била укажана лекарска помош.

Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Скопје.