Вицепремиерот Бујар Османи ќе добие прекршочна пријава од МВР поради користење на мобилен телефон додека возел. Самиот Османи се снимил како прави прекршок што се гледа на видеото објавено викендов, додека вицепремиерот вршел инспекција на таблите на влезовите на институциите дали се двојазични.
На видеото, освен што се гледа како Османи разговара на телефон додека вози, се гледа дека и во еден момент минува преку полна линија.
Прекршочната пријава ја потврдија и од МВР, од каде информираа дека против лицето Б.О. е поднесена пријава поради кршење на Законот за патен сообраќај и за тоа му е изречена соодветна казна.
Comments are closed for this post.