Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност.

Ќе дува слаб претежно северен ветер.

Опсегот на минималните температури ќе се движи од 12 до 18 Целзиусови степени, додека максималните ќе се движат во дијапазон од 27 до 36 Целзиусови степени.

УВ индексот ќе изнесува 9.