Бојкотот на Сојузот на средношколци привремено завршува денес, откако синоќа одлучи да прекине со бојкотирањето на наставата следната недела, од 6 до 12 февруари.
По нивните средби во Собранието, велат дека досега добиле поддршка од повеќе од 70 пратеници во законодавниот дом.
Нашиот бојкот e последица на немањето слух за нашите проблеми, укажувања, аргументи и конкретни предлози. Истото нема за цел губење на настава и учење, туку изменување на годинешната државната матура. Ни требаат и квалитетна настава и изменета дражавна матура и натамошен образовен и професионален развој. Поради ова, Сојузот им остава можност и време на институциите да ги прифатат и спроведат нашите барања“, стои во нивното соопштение.
Тие претходно посочија дека во случај да не најдат компромис со Министерството за образование и наука, како последен демократски чекор ќе бараат пратениците да изготват и донесат законско решение кое ќе ги вклучи нивните барања кои ќе важат само за оваа учебна година.
Средношколците бараат од МОН да го намали бројот на предмети кои учениците треба да ги полагаат. Од четири предмети учениците да полагаат два предмети, и тоа мајчин јазик и втор предмет по избор на ученикот. Покрај ова, тие бараат МОН и Државниот испитен центар (ДИЦ) во март 2021 да објават и презентираат план и програма за тоа како ќе изгледаат скратените наставни програми и другите материјали за испитите.
Но, од МОН засега не попуштаат на барањата на Сојузот. Од Министерството се одлучни дека државната матура треба да содржи четири предмети.
Comments are closed for this post.