Веста дека песната на Христо Ботев „На проштевање“ во С.Македонија е објавена како „македонска народна песна“ веќе никого не може да изненади, пишува софиски „24 часа“, пренесувајќи текст на извесен Росен Петров.

Откако ни ги земаа цар Самоил и Гоце Делчев, а фудбалерот Димитар Бербатов излезе Македонец од „нивниот Благоевград“, кој играл за „Гањовците и Монголите“, тоа може да се случи со сите личности од нашата историја. Позитивните ќе излезат „македоно-словени“, а негативните „бугарски татаро-фашисти“.

Во овој контекст ќе потсетам на една приказна за човекот, кој всушност ја потпишал наредбата за создавање на „македонскиот јазик“, првиот премиер на НР Македонија во состав на Југославија, секретарот на Македонската комунистичка партија и претседател на Претседателството на Југославија по смртта на Тито-самиот Лазар Колишевски.

Другарот Лазар Колишевски сигурно направил најмногу против Бугарите во Македонија и бил силен почитувач на се што е српско и југословенско. На неговата совест лежат илјадници убиени и исчезнати Бугари. Тој е автор на мотото „Силна Србија, јака Југославија“, што во денешна варијанта можеби звучи „Силна Северна Македонија-Јака Србија“. И до ден денес тој во Скопје е многу почитувана историска личност.

И сега следува интересното. Во 1984 година во бугарските воени архиви се откриени интересни молби од посочениот Колишевски од 1941 година, кога тој го носи едноставното бугарско презиме Колишев. Молбите се до самиот бугарски цар Борис Трети и министерот за одбрана на Царството Бугарија, генерал Теодоси Даскалов. Откриените документи тогашниот шеф на Генералштабот на БНА, Атанас Семерџиев,  ги испраќа до ЦК БКП и лично до Милко Балев, зашто тие се од исклучителна важност и откриваат неверојатни факти-неспорно го докажуваат бугарското потекло на една од најголемите политички фигури во Југославија.

Наместо документите да бидат објавени, тие се брзо сокриени. Прво, за да не ги провоцираме југословенските другари и второ, најверојатно да можат да се искористат како адут во специфичните бугарско-југословенски односи.

И тука следува изненадувањето-идниот столб на македонизмот пишува емотивна патриотска молба до бугарскиот цар. Еве делови од неа. „До Неговото Величество Борис Трети, цар на Бугарите, Софија, Молба за милост од Лазар Панев Колишев-Ваше Величество, никогаш во својот живот не сум размислувал и дејствувал престапнички, особено во однос на бугарската држава, која сите ние, робови Бугари, сме ја чекале со трепет во душата и долго време: Да не ослободи и вклучи во мајчината прегратка!„…

Ќе мислев дека е шега ако не знаев дека тоа било пишувано од „најголемиот Македонец“, „симболот на македонизмот“, „црвеното сонце на Скопје“ и ќе сметав дека е пишувано од Иван Вазов или од Каракачанов и Валери Симеонов заедно по диктат на Џамбаски…

Само четири години по колнењето на верност кон Бугарија и бугарскиот трон, Лазар Колишевски буквално ќе протера се што е бугарско од Македонија…

Целиот текст можете да го видите на следниот линк https://www.24chasa.bg/mnenia/article/9499160