Докторката Аспазија Софијанова, во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 кажа дека рекордите на вирусот во земјава се должат на мутирање на вирусот.

Зборуваме за рекорди, тоа се должи на мутирање на вирусот, па почнавме да се адаптираме, па почнавме да сфаќаме дека вирусот добива нова димензија и тоа е затрашувачко, рече Софијанова.

Таа вели дека според последните истражувања, аеросоли од коронавирусот може да останат во воздухот од 4-6 часа. И затоа е потребно да се носи маска и на отворено, смета Софијанова.

Последното нешто што го читав денеска, и кога го градев ставот за маската на отворено, кажува дека вирусот може да останат во воздухот од 4-6 часа, рече Софијанова, и додаде дека има исклучок од ова.

Тука би ги исклучила планините, но во градско урбано место може да остане во воздухот, и вие не знаете кој поминал пред вас и не знаеме кој е носител на вирусот, рече Софијанова.