Седницата за уставни измени се очекува да почне во секој момент. Во салата се присутни 10-ина пратеници од СДСМ и засега ниту еден од ВМРО-ДПМНЕ.
Се уште не се знае дали седницата ќе продолжи со дискусија, со оглед на тоа што се уште стои листата на пријавени пратеници за збор или пак веднаш ќе се премине на гласање.
Во текот на целиот ден седницата се одлагаше. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ побара предлогот за уставни измени веднаш да се стави на гласање.
Вечерва пак генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев одржа прес конференција во партиското седиште и обвини дека негови сопартијци добивале закани и уцени за да гласаат за уставни измени.
Претеникот од редовите на СДСМ, Костадин Костадинов по тоа одржа прес-конференција во Собранието и реагираше на обвинувањата на Јанушев, за кои кажа дека се лаги кои ВМРО-ДПМНЕ ќе мора да ги докаже на суд.
Во мемонетов внатре и надвор пред Собранието има засилено полициско обезбедување.
Comments are closed for this post.