Собраниската комисија за избор и именување без дискусија и едногласно донесе одлука за разрешување на специјалната обвинителка, Катица Јанева, нагласи претседателот на комисијата Илија Димовски.

Комисијата ќе го достави предлогот до собранискиот спикер Талат Џафери кој треба да закаже седница, но за такво нешто нема конкретен рок.

Димовски нагласи дека материјалот од Советот на јавни обвинители, што бил поднесен на девете страници, бил доволно уверлив за да се донесе одлука за разрешување на Јанева.

 

Изјава Димовски

Posted by Pressing TV on Thursday, September 5, 2019

Претходно во салата каде се одржуваше седницата беа исклучени камерите, а пратениците надвор ги оставиј амобилните телефони. Извештајот за јанева кој содржи докази за „Рекет“ стигна во Собранието со назнака „доверливо“. Иако Димовски побара од Советот на јавни обвинители да го декласифицира за да може јавноста да присустѕвува на расправата, советот одлучи дека тој ќе остане со назнака „доверливо“ поради императивни законски норми за тајност и заштита на лични податоци.