Собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања денеска ќе одлучува по барањето за одобрување притвор на пратеникот и поранешен министер Љупчо Димовски, поднесено од скопскиот Кривичен суд – Одделение за организиран криминал и корупција.

Димовски, заедно со уште двајца поранешни министри за земјоделство Михаил Цветков и Ацо Спасеновски, како и поранешниот заменик-министер Кристијан Делев се под истрага за злоупотреба на службена положба и овластување при доделување на земјоделска помош и давање под закуп државно земјоделско земјиште со што предизвикале штета од над 1,4 милиони евра на Буџетот.

Судот вчера четиричасовен распит на поранешните министри за земјоделство како и екс заменик министерот, судот донесе одлука од 30-дневен притвор за Михаил Цветков и Кристијан Делев, додека за Ацо Спасеновски поради здравствени причини да му одреди мерка куќен притвор