Собранието денеска треба да ја продолжи 34. седница, којa започна вчера со гласање доверба на Владата. На дневен ред на оваа седница се уште 68 точки.
Пратениците треба да гласаат за неколку закони во второ читање, а најбројни се законите во прво читање.
По скратена постапка се измените и дополнувањата на Законот за прекршоците, додека во прво читање Законот за постапување со бесправно изградени објекти, измените на Законот за оружјето, измените и дополнувањата на Законот за прекршоците против јавниот ред и мир, измените и дополнувањата на Законот за патните исправи на државјаните на Република Северна Македонија, под архивски број 08-399/1, измените и дополнувањата на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, измените на Законот за заштита од јонизирачко зрачење и радијациона сигурност, измени на Законот за биомедицинско потпомогнато оплодување, измени на Законот за прекинување на бременоста, измени на Законот за евиденциите во областа на здравството, измени на Законот за забрана на развивање, производство, складирање и употреба на хемиски оружја, измени на Законот за безбедност во снабдувањето со крв, измени на Законот за ментално здравје, измени на Законот за континуирано стручно усовршување на докторите на медицина и други.
На дневен ред на оваа седница е и Информација за нацрт Концепција за основно образование, поднесен од: Жаклина Лазаревска, Лолита Ристова, Драгица Ѓавочанова, Емилија Рамбабова, Марија Костадинова, Даниела Колева, Ненад Коциќ, Дарко Каевски, Вјолца Адеми, Мерита Колчи – Коџаџику, Кастриот Реџепи, Бисера Костадиновска Стојчевска, Белкиса Зеќири, Бети Рабаџиевска Наумовска, Љатифе Шиковска, Коле Чаракчиев, Зеќир Рамчиловиќ.
Comments are closed for this post.