„Со унапредувањето на правата за употреба на јазиците не губи никој, туку се овозможуваат услови за подобра комуникација меѓу граѓаните и институциите“, стои во соопштението на СДСМ објавено експресно по прес-конференцијата на Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
„Граѓаните вечерва слушнаа уште една потврда од неспособниот Мицкоски дека ВМРО-ДПМНЕ нема програма, нема ниту план, но мислеле на методологијата, како што вели тој. Сериозен човек, каков што не е Мицкоски, би се срамел ова да го каже пред граѓаните. Не поминуваат омразата и поделбите коишто ги шири антизападниот Мицкоски, граѓаните ги отфлија“, стои во сооштението.
СДСМ вели дека „не само што целосно е гарантирана соодветната употреба на македонскиот јазик како прв официјален јазик во Македонија туку сега е и меѓународно признат и ќе се употребува во НАТО и ЕУ. Тоа е вистински патрoитизам, потврден и признаен македонски идентитет и македонски јазик од цел свет“.
„Мицкоски не успеа да го блокира членството во ЕУ и НАТО и нема да го блокира напредокот и градењето на Македонија како еднакво општество на еднакви граѓани. Македонија оди напред во НАТО и ЕУ како едно општество за сите.
Мицкоски го чека пораз на следните претседателските избори, го чека пораз на било какви избори“.
Comments are closed for this post.