Петре Шилегов се фалеше дека го исчистил воздухот, но четири години неработа доведе до максимално загаден воздух. Четири години преспани од СДСМ доведоа до најзагаден воздух во регионот и Европа. Четири години СДСМ немаше преземено ништо за спречување на загадувањето на воздухот, како на централно, така и на локално ниво, стои во соопштението на ВМРО-ДПМЕ.
Од партијата велат дека и оваа година владата не планира ништо суштински во насока животната средина и борба против загадувањето на воздухот.
И во најголемиот буџет до сега, нема реални проекти кои ќе го подобрат квалитетот на воздухот. Со СДСМ државата тоне. За подобрување потребни се промени на централно ниво. Затоа брзи предвремени избори се единствено решение, се додава во партиското соопштение.
Comments are closed for this post.