Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на новинарско прашање поврзано со Клиничкиот Центар јасно потенцираше дека оваа влада една шајка не закова, а не па да изгради клинички Центар.

-Тие шајка не заковаа, а камоли па да зборуваме за Клинички Центар, но ако бидеме сериозни ќе треба да се соочиме со фактот дека ќе треба вие да платите 20 милиони евра пенали кои што италјанската компанија ги бара за раскинатиот договор за Клиничкиот Центар кој што беше потпишан во 2017 година, е тоа е реалноста. Нивната поврзаност со Клиничкиот Центар покрај тоа што бевме најслаби во справувањето со ковид пандемијата, најлоши убедливо е и пеналите кои што вие сега треба како граѓани да ги плаќате. Зошто? Затоа што некој имал хир и прво мислел дека тој проект може да го гради на една локација, па на друга, па на третa, па во суштина шајка не заковаа. Ете отприлика ова е реалноста и поврзаноста на владата на ДУИ и СДС со проектот за Клинички Центар, рече Мицкоски.