Дојде и први март а во Македонија нема ниту една набавена вакцина.Да не беше она кутивче донација од Србија немаше да бидат вакцининирани ни оние кои беа на првата линија-а тоа се докторите.
За резилот да биде поголем, Кина ни го врати авансот за вакцините кои требаше да стигнат по кинеската Нова Година. Филипче мораше да призне дека парите се вратени ама договорот важи.
Ги нема кинеските вакцини, ги нема Фајзер и Астра Зенека, руските можеби ќе дојдат.
Но кога нема Фајзер има Шмајзер. Денеска пристигнува американска донација од 1.269 автоматски пушки М-4 за Армијата на Република Македонија
Comments are closed for this post.