На автопат А4 во изградба Миладиновци – Штип, кај надвозникот  за село Крушица, вчера околу 18.40 часот  се случила сообраќајна незгода во која Г.Г.(48) од Скопје, управувајќи товарно моторно возило „Ман” со скопски регистарски ознаки  удрил во надвозникот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот  Г.Г., кој  бил пренесен во Ургентен центар -Скопје. Увид на лице место извршила екипа на Полициската станица Свети Николе.