Премиерот Зоран Заев уверува дека со поранешниот премиер Никола Груевски нема никави контакти, откако некои медиуми објавија дека тие двајца разговарале непоредно пред бегството.

Со Груевски немам никакви контакти откако сум премиер.Последните контакти беа кога Парламентот беше заглавен во таа бесконечна дискусија пред да се случат немилите настани од 27 април.Тоа беше таму во Парламентот кога разговаравме за да се одблокира процесот.