За Бадник и годинава во секое маало во Скопје гореа бадникарските огнови. И скопјани останаа верни на традицијата. Бадник и Божик го дочекаа со бадникарски огнови, посна трпеза, греана ракија и делење паричка.
И покрај тоа што Министерствто за животна средина апелираше тоа да не се прави, заради загадувањето во воздухот периодов, скоро секое маало организираше собир и прослава и го славеа последниот ден од 40 дневните пости.
Граѓаните велат дека тоа е традиција, а дел од нив велат дека воздухот е многу позагаден кога нема коледарски огнови, а власта ништо не прави за тоа.
Рано изутрина Бадник ќе го најават децата коледарчиња.
Comments are closed for this post.