„Службен весник“ веќе нема да ги објавува указите и решенијата на претседателот на државата Ѓорге Иванов, затоа што неговиот кабинет не го менува називот претседател на Република Македонија во претседател на Република Северна Македонија.
По одлуката на Владата за преименување на државните институции, Владата, министерствата и владините агенции веќе се заведени во Централниот регистар со новите имиња.
Минатата недела во „Службен весник“ беа објавени указите на Иванов за одликување, унапредување и поставување воени претставници во странство. Иванов потпиша указ и за поставување одбранбено аташе во Франција и воен претставник во НАТО во Брисел како претеставници на Република Македонија.
Comments are closed for this post.