Се огласи и Обвинителство

Случајот со Груевски во предистражна постапка, Заев гори од желба да соопшти детали (ВИДЕО)

30.11.2018 / 14:55


Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција води предистражна постапка за поранешниот премиер Никола Груевски, кој е во бегство во Унгарија. Во овој дел од постапката се прибрани снимки од камери на граничните премини, од пред зградата на Груевски и од соседството, а се бараат известувања и  од институции и податоци од банките, беше речено на денешниот брифинг со новинарите во ЈОРМ.

Од Обвинителството посочија дека доколку се утврди одговорност кај некои луѓе за бегството на Груевски степенот на работење ќе се подигне и предметот нема да биде во предистражна постапка.

Премиерот Заев пак денеска нагласи  дека ги знае сите детали за тоа како избегал поранешниот премиер Никола Груевски но оти ќе чека прво со информации да излезе Јавното обвинителство.

Јас сум информиран, но мораме да почитуваме Јавното обвинителство за истрагата. Гориме од желба и јас и Оливер Спасовски да ги кажеме сите детали, и во делот на внатрешната истрага и истрагата што ја прави Јавното обвинителство но законите велат кога имате налог од Јавното обвинителство да заврши истрага па да соопштувате тоа го соопштувате-вели премиерот.


Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.

Македонија

Утре лидерска средба без Филипче

пред 4 часа
Македонија

Бојан Крижај од Тему (ВИДЕО)

пред 4 часа
Македонија

Која е Сузана Јошевска – Анастасовска, новиот член на Судскиот совет

пред 23 часа
Македонија

Кланот Дубаи загуби сѐ што можеше да се загуби

пред 1 ден
Македонија

Новиот скенер-рентген на Царината открива пратки со дрога, екплозив и оружје

пред 2 дена
Македонија

Нов дебакл на Филипче на повторените локални избори

пред 2 дена
Македонија

Мицкоски: Победата во Маврово-Ростуше е знак дека граѓаните наградуваат резултати, а кланот на Филипче доживува нов дебакл

пред 2 дена
Македонија

Позитивни реакции на најавите за нов закон за пушење

пред 2 дена
Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Снегот не може да не изненади

пред 2 дена
Македонија

Запленета гардероба може да се подари само ако е фалсификат и тоа со дозвола на застапникот на оргиналниот бренд и со отстрането лого

пред 2 дена