Миле Јанакиески на денешната јавна седница на Апелација за случајот „Топлик“ наведе дека постојат 18 причини зошто овој предмет треба да се укине.
Тој пред судот објасни дека е осуден сум врз доказ кој не постои не е доставен од страна на обвинителството ниту пак е изведен како доказ на главна расправа.
Обвинителството претпоставува, судот продолжува да претпоставува врз основа на непостоечки доказ, при што во пресудата за да биде уште поапсурдна ситуацијата судот дури и извлекува заклучоци од непостоечки доказ.
Тој објаснува дека на страна 189 од Пресудата Судот наведува ,, видно од архивската книга од реден број 3931 до реден број 3939 е дека под реден број 3935 во архивската книга било евидентирано решение за формирање на комисија за спроведување на постапка за јавно надавање.
Не е наведено кое Решение ниту датум, а особено не е наведена содржината на самото Решение. Па отука нелогично и спротивно на член 399 од ЗКП е Судот во образложението на пресудата да се повикува на ДОКАЗ кој не е изведен во текот на главната расправа, да ја измисува, претпоставува неговата содржина, а бидејќи не ја знае содржината неможе ни да утврди правно релевантен факт, а сето тоа со цел да и удоволи на едната страна.
Јанакиески во својата одбрана напоменува дека судот се повикува на доказ од 4.4.2007 година и го насловува како „извештај од јавно наддавање“ но таков доказ ниту постои ниту може да постои бидејќи самото јавното наддавање е одржано на 15.5.2007 година.
Како може да постои извештај за нешто 1 месец пред истото да се случи-прашува поранешниот министер.
Јанакиески напоменува дека судот не го почитува ниту Решението на Антикорупциската комисија дека кај вештото лице на обвинителството Борис Тунџев има конфликт на интереси.
Comments are closed for this post.