Судечкиот совет во случајот „Топлик“ ја одложи одлуката дали ќе ги прифати дополнените докази на одбраната.
Каква одлука донел судот ќе ја донесе на рочиштето на 20 декември. Одбраната смета дека треба да се прифатат материјалните но и вебралните докази на сведоците меѓу кои се Сашо Срцев и Владимир Пешевски.
Обвинетиот Миле Јанакиески нагласува дека е неопходно да се прифатат доказите со цел да се утврди фактичката состојба и отстранување на противречностите од наодите предложени од Обвнителството и надополнувањата на одбраната, и двете од областа на геодезијата..
Затоа одбрaната бара да се направи супер вештачење.
Обвинителот Бурим Рустеми пак е на став дека судот не треба да ги прифати доказите бидејќи за нив веќе имало одлука и оти од нив не произлегуваат нови околности кои би биле релевантни за докажување.
Comments are closed for this post.