Полициски службеници утринава вршат увид во Градски парк, каде возило пропадна во канал. Станува збор за „пежо 206“ со скопски регистерски таблички, кое од засега непознати причини завршило во каналот покрај еден од мостовите.

Од СВР Скопје велат дека нема пријава за повредени лица.

Фотографии од возилото беа споделени на социјалните мрежи. Возењето во овој дел од паркот е забрането.