Одбраната на обвинетите во случајот „ТНТ“ до Кривичниот суд поднесе писмено известување со докази по однос на претходено одучено по предметот што обвинетите по предметот ТНТ се теретаат за едно исто кривично дело од чл.353 став 3 во врска со став 1 од КЗ, информира за „Пресинг ТВ“ адвокатот Мерџан Даути.

Тој објаснува дека во доказите се гледа оти обвинетите што се гонат повторно во истиот предмет, на ден 28.07.2011 година е поднесена Кривична пријава до ОЈО Скопје, за исто дело, односно за сторено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување по чл.353 став 3 во врска со став 1 од КЗ.

Во кривичната пријава  се опишани истите настани за кои сега се расправа во предметот познат за јавноста  како „ТНТ“ има постапувано по поднесената кривична пријава

На 30.03.2012 година, има донесено решение со кое се отфрла кривичната пријава поднесена од оштетениот Фиат Цаноски против обвинетите што се теретат за сторено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување.

Обвинителството тогаш сметало дека пријавеното дело не е крвично дело за кое се гони по службена должност

Се поставува прашање зошто тогаш Обвинителството на 27.04.2012 година, поднесува  обвинителен  акт за истиот случај ако се знае дека превземените дејствија на обвинетите не претставуваат кривично дело кое се гони по службена должност