Денеска се одржа ново рочиште за случајот ТНТ. Сведочеше Ќанија Ајдиновски, кој од 2011 година бил раководител на објектот „Космос“. Тој беше сведок на обвинителот Бурим Рустеми и говореше за неговите надлежности во изградбата на објектот.

Но, кога дојде редот тој да биде испрашуван од страната на одбраната на обвинетите, Рустеми имаше приговор на речиси секое прашање.

-Приговорот се уважува, беше најчестата реченица на судијата Ставрев.

На тоа негодуваше адвокатот Мерџан Даути кој побара од судијата обвинителот да објасни зошто не се согласува сведокот да биде испрашуван.

-Сведокот бил одговорен и треба да одговара на прашањата, побара Даути од судијата Ставрев.