Поранешниот градоначалник на Гази Баба, Тони Трајковски, денеска во случајот „ТНТ“ го испрашуваше бизнисменот Фијат Цаноски. Трајковски истакна дека Цаноски добро знаел што и како се гради во објектот „Космос“ наспроти неговите тврдења од минатиот пат дека не е запознаен.

Трајковски посочи дека Цаноски добро знаел и за ДУП-от за објектот, и за големината, и за пристапните улици…

Минатиот пат сведокот рече дека не знае ништо, а сега гледаме дека знаел и бил информиран за целата документација, објасни Трајковски.

И Цаноски беше принуден пред судот да потврди дека знаел за целата постапка.

Јас како сопственик и основач морав да дадам согласност за големите работи во фирмата, призна Цаноски.

На тоа се надоврза и судијата Ставрев.

Не може инвеститор да не знае што прави, посочи тој.

Претходно судијата Огнен Ставрев инсистираше по секоја цена да се одржи денешното рочиште. И покрај забелешката на бранителите дека сите во судницата се во опасност поради тоа што обвинетиот Миле Јанакиески има решение за изолација поради контакт со заразено лице, Ставрев одлучи рочиште да се одржи.

Расправа ќе се одржи без разлика дали некој од нас ќе биде фатен од короната или,  предочи Ставрев.