Судечкиот совет при Основниот Кривичен суд – Скопје определи вкупно 14 години затвор за обвинетите во случајот „Меѓународен сојуз“. Единствена казна затвор во траење од девет години судот му определи на обвинетиот Бојан Јовановски за „измама“ и „перење пари и други приноси од казниво дело“.
Обвинетата Јасна Ерцеговиќ, исто така, е виновна за „измама“ и „перење пари и други приноси од казниво дело“ со што судот на неа ѝ определи единствена казна затвор од четири години во која се смета и времето поминато во куќен притвор.
Судечкиот совет ги ослободи од обвинение за „измама“ обвинетите Фросина Ташевска Ременски, и Христина Блажевска. Додека, Блажевска, се обвинува само за „перење пари и други приноси“ со казна затвор во траење од една година.
Судот на обвинетиот Миле Јовановски за кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“ и за „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ му утврдува единствена казна затвор од две години која нема да се изврши ако обвинетиот во рок од пет години по правосилноста на пресудата не стори кривично дело.
Правното лице „Меѓународен сојуз“ судот го осуди со казна од еден милион денари која треба да ја плати во рок од 15 дена од правосилноста на пресудата.
Судењето за овој предмет го води судијката Софче Гаврилова – Ефремова, а застапник на обвинението е обвинителката Ивана Трајчева.
Според обвинителниот акт, во периодот од 8 јули 2017 година до 13 април 2018 година првообвинетиот, како претседател на обвинетата невладина организација „Меѓународен сојуз“, со намера за себе да прибави противправна имотна корист, ги искористил документите од посочената НВО и довел и одржувал во заблуда две оштетени лица.
Тој лажно прикажувал дека ќе обезбеди државно неизградено земјиште за изградба на Европски центар за возрасни лица и мобилен сервис, како и субвенции од страна на државата и оштетените вака доведени во заблуда на штета на својот имот му исплатиле преку Македонска авторска агенција износи кои надминуваат значителна вредност, и тоа 719.905 евра, односно 233.821 евра во денарска противвредност.
Comments are closed for this post.