Со потпис на Груби сопругата на Ковачевски добива државна земја за фотоволтаици, додека за болните нема лекови, а за учениците нема учебници.Артан Груби му се реваншира на Ковачевски кој го бранеше за бизнисите на брат му Ветон Груби, па наместо него ја потпишува Одлуката на влада за давање државно земјиште за фотоволтаици на неговата сопруга, oбвинува ВМРО-ДПМНЕ.
Ковачевски велеше дека излегол од бизнисот со фотоволтаици, а сега наместо него влегува неговата сопруга, и тоа ни помалку ни повеќе туку со земање на државна земја за изградба на централа.
Кога станува збор за интересите на врвот на власта, се се решава експресно.
Додека сомнителните активности на власта се како брз воз, ДКСК се однесува како парна локомотива.
Comments are closed for this post.