Македонија е поразена од Словенија во меч од квалификациите за Европското првенство со 26-32.

Иако според обложувалниците Македонија важеше за фаворит поради неколкуте повредени играчи кај гостите, сепак Словенија е за класа подобра.

Нашите ракометари одлично го започнаа мечот, водевме и со 10-4.

Митревски на голот одличен, надоплнет со головите на Митев, Кузмановски и Пешевски. На полувреме се замина со гол предност за нас.

Во второто полувреме како да запре се. Словенија првпат поведе во седмата минута. Нашата одбрана не беше на висина што резултираше со голем број промени голови.

Сепак овој пораз не е страшен и Македонија е со добри шанси за пласман на следното Европско првенство.