Денес и во наредните денови времето ќе биде претежно облачно и нестабилно, на повеќе места со обилни врнежи од дожд (над 50 л/м2, а во крајните западни и југоисточни делови и над 70 л/м2 за целиот период).

Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со грмежи, засилен ветер и појава на град, предупредуваат од УХМР.

Времето утре ќе биде променливо облачно и нестабилно со врнежи од дожд, на места обилни, локално и во форма на невреме со грмежи и засилен ветер.

Во среда времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со врнежи од дожд и грмежи, локално и во форма на невреме.