Министерството за труд и социјална политика соопшти дека согласно со Законот за празниците, 8 септември 2019 година (недела), Денот на независноста, односно 9 септември 2019 година (понеделник) е неработен ден за сите граѓани.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните им го честита Денот на независноста.