Министерот за здравство Венко Филипче наместо терапија за ретките болести набавува 150.000 кондоми и 80.000 лубриканти! Пред само неколку месеци, во октомври, владата набави 20.000 шишиња лубриканти. Сега преку министерството за здравство се набавуваат ни помалку ни повеќе 80.000 шишиња подмачкувачи.
Со вакво тврдење денеска излезе Маја Славева член на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Цената која што сега Филипче ќе ја плати за кондомите „со номинален дијаметар 54-56 мм подмачкани со лубриканти, без мирис, без вкус и без боја“ се уште не е наведена. Понудата се уште се чека“, вели Славева.
Таа прашува за што ли му требаат на Филипче да набавува 80.000 лубриканти и 150.000 кондоми?
Здравството е во колапс, граѓаните се оставени да се снаоѓаат кој како знае, нема грижа за децата, нема грижа за возрасните, нема лекови за хронично болните и за лица со ретки болести, нема доктори, скандали секојдневно го тресат здравството. Но, Филипче и оваа власт се грижат само за лубриканти и кондоми. Ваква неодговорност, вакво самоволие и бесчуствителност е незапаметена“, рече Славева.
Comments are closed for this post.