Постои сериозен сомнеж дека Поликлиника „Букурешт“ е ново жариште на продолжението на епидемијата на непотизам, обвинува ВМРО-ДПМНЕ.
Министерот за здравство, Венко Филипче е фокусиран да вдомува ќерки, синови, роднини, пријатели. Од рака му оди и кршењето на правните норми да дава дозволи, концесии во период кога тоа е забрането. За ова доказ е големиот револт и негодувањето кај матичните доктори во поликлиника „Букурешт“. Таму за неполн месец им се даде концесија на тројца млади доктори, активисти на СДСМ“, вели Маја Славева од ВМРО-ДПМНЕ.
Славева тврди дека за нив се пренаменети ординации кои биле во сопственост на специјалистичката служба. Станува збор за ординации кои не се влезени во здравствена мрежа за издавање под концесија за општа медицина, туку за специјалисти.
Едноставно се земени соби од кабинет за дијабет и од лабораторија“ појасни Славева и потенцираше дека концесија за ординациите е дадена на докторите Филип Локвенец, Кирил Солевски и Марија Михајлова.
Го прашува министерот:
Филипче како е можно на роднини и партиски војници на власта, експресно да им се дадат концесии за општа медицина? Дали знае Филипче што прави директорот на Здравствен дом Скопје, Злате Мехмедовиќ? Знае ли како доделува концесии во конкретниов случај за матични лекари. Ова е невиден непотизам и криминал за кој треба некој да одговара.“
Comments are closed for this post.